Никола Јокиќ уфрли нов трипл-дабл учинок: 25 поени (9/12 за два, 2/7 за три и 1/1 слободни фрлања) со 13 скока и 11 асистенции.
Џамал Мареј беше најефикасен кај Нагетс со 30 поени иако имаше катастрофален шут за три 0/8 но дури 16/16 погодени слободни фрлања, со пет скока и седум поделени асистенции.
Арон Гордон имаше големо влијание со 17 поени, со осум скока и три асистенции. Во добра форма изгледаа и Брус Браун, Кем Џонсон и Кристијан Браун.
Овој натпревар го одбележа и крајно неспортски и груб фаул на Џејден Мекданиелс над Јокиќ кој заврши во трибините:
Кај гостите кој повторно ќе гостуваат во арената на Денвер Нагетс во понеделник кон вторник, најефикасни беа Ентони Едвардс со 22 поени, девет скока и седум асистенции, Руди Гобер имаше дабл-дабл со 17 поени и 10 скока, Џејден МекДаниелс уфрли 16 поени со осум скока а 16 поени запиша и Џулиус Рандл.
ЛЕЈКЕРС ОСЛАБЕНИ ГО СОВЛАДАА ХЈУСТОН БЕЗ ДУРЕНТ
Лос Анџелес Лејкерс го добија првиот дуел од серијата со Хјустон Рокетс иако играа без своите најдобри кошаркари сезонава Лука Дончиќ и Остин Ривс кои се повредени.
Изненадувачки Лук Кенард се појави и блесна кај Лејкерс со 27 поени (9/13 од игра и 5/5 за три). Леброн Џејмс уфрли 19 поени (9/15 од игра) и имаше 13 асистенции. Диандре Ејтон додаде 19 поени со 11 скока за нов дабл-дабл учинок.
Кевин Дурент во последен момент отпадна од комбинација ја Хјустон Рокетс кај кои најрасположени беа Алперен Шенгун со 19 поени, 8 скока и 6 асистенции, Шепард и Томпсон додадоа по 17 поени, а Смит Џуниор броеше до 16 поени со 12 скока.