Таткото на ѕвездата на Индијана се посрамоти пред цела НБА

Синоќа во Индијана се одигра најлудиот натпревар во досегашниот тек од НБА доигрувањето за титула. Во спектакуларна завршница во салата „Гејнбриџ Филдхаус“ домаќинот Индијана Пејсерс после луд пресврт во продолженија славеа 119:118 и со 4-1 го елиминираа Милвоки Бакс и Јанис Антетокумбо.

Навивачите на Индијана Пејсерс уживаат во партиите на својот тим кој со 4-1 го исчисти Милвоки Бакс од доигрувањето. Во финишот на 40 секунди пред крајот од мечот Милвоки Бакс имаше дури 7 поени предност (118:111) но Индијана направи луд пресврт и со серија од 8:0 славеше.

И покрај неверојатната партија на Јанис Антетокумбо кој постигна 30 поени, 20 скока и 13 асистенции, Милвоки изгуби на крајот и испадна.

Целото славје го упропастил татко му на лидерот на Индијана Тајрис Халибуртон, Џон Халибуртон, некогашен кошаркарски судија кој по крајот на мечот при прославата застана пред Антетокумбо и без нималку респект му мавташе со пешкирот на син му. Халибуртон постариот нешто и му дофрлал на Јанис и набрзо настана гужва на паркетот.

Антетокумбо имал долго излагање после мечот за инцидентот: 

„Сè што ќе кажам е дека верувам во тоа да се биде скромен во победата. Кога ќе победиш натпревар, а сега има многу луѓе истрчани таму кои мислат дека ако победат може да зборуваат навредливо, како да е тоа зелено светло за тебе да бидеш навредлив кон некого. Не се согласувам со тоа. Јас освоив титула, тие немаат титула. Паметам кога ние освоивме титула, мајка ми, која никогаш не пропушти натпревар од 11-ти до 13-ти февруари, кога дојде во Милвоки за дуелот со Никс, не пропушти натпревар. Кога освоивме титула се сеќавам беше преплашена да излезе на теренот, прашуваше: „Смеам да влезам и да го гушнам син ми“?

Но кога ќе изгубиш натпревар емоциите се на врвот. Да имаш навивач, во еден момент помислив дека е навивач (пред себе) но сфатив дека му бил татко на Тајрис (Халибуртон). Многу го сакам Тајрис, тој е голем борец. Да излезеш така на теренот и да ми мавташ со пешкир од син ти во лице: 'Вака ние правиме! Вака ние е*ено правиме“!, му викал Халибуртон стариот на Јанис. Мислам дека тоа е многу многу голема непочит“.

Најефикасни кај Индијана Пејсерс беа Тајрис Халибуртон со 26 поени, Мајл Тарнер со 21 поен и Арон Најсмит со 19.

Покрај Јанис, кај Бакси ефикасни беа уште и Гери Трент со 33 поени и Еј-Џеј Грин со 19 поени.

Индијана Пејсерс сега оди на најсилната екипа од основниот дел во НБА, Кливленд Кавалирс.

Никола Јокиќ до трипл-дабл, а Мареј конечно експлодираше

30 април 2025 - 09:23