
Ѕвезда на вечерта беше Џамал Мареј, плејмејкерот од кого навивачите на Денвер Нагетс долго време очекуваа конечно да заигра макар еден натпревар како треба. И конечно одигра. Мареј синоќа против ЛА Клиперс постигна 43 поени со 8 уфрлени тројки од 14 обиди.
Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл со 13 поени, 12 асистенции и 10 скока. Арон Гордон додаде 23 поени а Расел Вестбрук 21 поен.
Кај ЛА Клиперс кој имаше 2-1 во серијата а сега ќе мора да брка пресврт, синоќа најефикасен беше Ивица Зубац, Хрватот кој игра во врвна форма цела сезона. Постигна 27 поени што е негов плејоф рекорд а втор стрелец на Клиперс беше Кавај Ленард со 20 поени.
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ уфрли 18 поени (4/4 од слободни фрлања, 4/8 за три, 5/11 од игра) а имаше и пет асистенции.
Следниот натпревар од оваа интересна серија ќе се игра во Лос Анџелес.