Словенечката легенда Иво Данеу истеран од сала, реагирал Дончиќ

Во вториот меч од баражот во АБА2 лигата за пласман во елитната регионална АБА лига, во Љубљана словенечка Илирија (татко му на Лука Дончиќ, Саша е еден од челните луѓе) изгубила од Сараево и се изборила за мајсторка во сараевската сала „Скендерија“ кога ќе се реши патникот за АБА лига. Мечот го следел и Лука Дончиќ со словенечкиот селектор Александар Секулиќ како и легендарниот кошаркар Марко Милиќ. На трибините бил и култниот Иво Данеу, некогашен светски првак со СФРЈ кого судиите го отстраниле од сала поради чести дофрлања кон нив.

Токму во таа иста сала Иво Данеу во 1970-та година станал светски шампион со Југославија. 

На Инстаграм реагирал Лука Дончиќ кој објавил фотографија од Иво Данеу со натпис:

 

8 мај 2025 - 12:14