Потези на вечерта во НБА во режија на Дени Авдија

Портланд Трејл Блејзерс со 114-110 го совлада Феникс Санс во дуелот за пласман во доигрувањето во НБА. Дени Авдија блесна со животна партија - 41 поен, 12 асистенции и 7 скока за 38 минути на паркетот во Феникс. Синот на некогашниот кошаркар на Црвена звезда и југословенската кошаркарска репрезенција Зуфер Авдија беше јунак на вечерта.

Покрај Авдија одлична вечер кај Портланд Трејлблејзерс имаа уште и Џру Холидеј со 21 поен и по 4 скока и асистенции и Џереми Грант со 21 поен. Кај Феникс Санс Џајлен Грин уфрли 35 поени со 5 скока и 2 асистенции, Девин Букер имаше 22 поени, а Дилон Брукс 20 поени со 7 скока.

Влез на сезоната, како Џордан на времето: 

Портланд Трејлблејзерс ќе игра во НБА доигрување првпат уште од 2021-ва година а таму нема победено во една серија уште од 2019-та година кога изгуби од Голден Стејт Вориорс во финалето на Западната конференција. Сега ги чека Сан Антонио Спарс со страшниот Вембанјама.

Покрај Портланд синоќа пласман во доигрување обезбедија уште и Шарлот Хорнетс кои во продолженија го совладаа Мајами Хит 127:126 на домашен терен.

Ламело Бол беше јунак на триумфот на Шарлот со 30 поени, пет скока и дури 10 асистенции а Мајкл Бриџис имаше 28 поени и 9 скока. Брендон Милер учествуваше во триумфот со 23 поени а Коби Вајт додаде 19 поени, 5 скока и 3 асистенции.

Кај Мајами Хит Девион Мичел запиша 28 поени, Ендрју Вигинс 27 поени со седум скока а Тајлер Хиро 23 поени со шест асистенции.

Мајами уште на почетокот остана без главниот играч Бем Адебајо кој се повреди по еден глуп старт на Ламело Бол поради кој тренерот на Мајами Хит Ерик Споелстра бараше да го исклучат.

15 април 2026 - 10:45