После една недела во Сиднеј каде што го освоила златниот медал по триумф во финале против Русија, шпанската селекција се вратила дома. Како во Австралија, така и на аеродромот во Мадрид пробале да не им паднат во очи на новинарите па на барање на луѓето од Паралимписката федерација облекле наочари и капи, како што шетале и низ Сиднеј.
После повеќе од месец дена, кошаркар на таа паралимиписка селекција на Шпанија (во исто време уредник на весникот Capital), Карлос Рибагорда во својот лист објавил колумна во која раскажува дека десет од дванаесет играчи на паралимписката кошаркарска селекција не потпаѓале под главниот критериум за учество на кошаркарски турнир на Паралимпијада - то ест имале IQ повисоко од 75.
Кошаркарски ID во тие години беше нов вид спорт - кошарка за луѓе со ограничени интелектуални способности и бил вкучен во програмата на Паралимпијада после Игрите во Атланта 1996.
Пред Светското првенство за кошарка ID во Бразил во 1998-ма, се одржал еден турнир кој му западнал во око на Рибагорда. Негови извори му кажувале дека учесниците не се подвргнати на никвакви тестови и дека воопшто новите дисциплини на паралимписки игри создаваат многу простор за разни манипулации и злоупотреба.
Рибагорда набрзо се уверил и самиот во тоа, иако подоцна е обвинет дека и он злоупотребувал за профит.
Тој успеал лесно да влезе во составот на репрезентацијата на Шпанија во кошарка ID. За тоа, како што сам пишал отворено, му побарале да направи шест склека и му измериле притисок. И толку. Немало никаков тест за интелегенција, а другите играчи тврделе дека или успешно паѓале на тестовите за да не предизвикаат сомнеж и западнат во неволја или од Федерацијата ја добивале цела потребна документација.
Целта на Рибагорда наводно била „да покаже дека Паралимписките Игри се натпреварување каде секој секого се обидува да превари“.
На самиот турнир тој вели дека не се потребни преголеми напори за да се лаже.
Рибагорда напишал дека идентификувал најмалку петнаесетина спортисти во Паралимпиското село кои не ги исполнувале критериумите за Паралимписки игри а и никој од нив не се криел нешто посебно.
На пример неговите соиграчи од Шпанија не се криеле ни во Паралимпиското село ни на терен. Кога на првиот меч против Португалија на полувреме воделе 30+ поени разлика, нивниот селектор им рекол да „кренат рачна“ односно побавно да работат со нозете за да предноста не биде очигледна.
Со Португалија во најмала рака избегнале конспирација (73:58), ама понатаму како да сфатиле дека никој не води сметка: Шпанија со 46+ поени разлика го победила Бразил, +67 Јапонија, +30 Полска. Во финалето против Русија победиле „само“ +24 поени разлика и тоа само поради тоа што, пишува Рибагорда, во составот на Русија исто имало „тројца сомнителни кошаркари“.
Сомнеж имале и самите соиграчи во репрезентацијата на Шпанија. Сомневале во нивните колеги. Исто и противничките тренери и играчи
„Видовме дека во составот на Шпанија има неколку луѓе кои комотно може да играат во првенството на Австралија. Тоа што го правеа со топка и без топка просто не е можно за нашите спортисти паралимпијци“, изјавил тогаш шефот на Паралимпискиот комитет на Австралија Брендан Флин.
Шпанските кошаркари кои навистина имале умствена заостанатост и не лажирале, исто сомневале во своите сонародници од екипата.
„Они се гледаа со девојки и одеа кај нив дома, а ние останувавме во хотел. Немавме некој посебен однос. Они воглавно зборуваа еден со друг. Често излегуваа на забави и ништо не зборуваа со нас“, рекол еден од нив.
Но неочекуваната апсолутна доминација привлекла внимание. Не можело туку така да помине убедливо освоено злато на Паралимписки игри во Сиднеј. Фотографиите на паралимпијците со златни медали околу врат се појавиле во весникот Marca.
Прв голем сомнеж отворено изразил уредникот на весникот Gigantes del Basket, Антонио Сан Мартин кој приметил дека во репрезентацијата за кошарка ID настапиле играчи кои ги знае од локалните аматерски лиги, ама во селекцијата немало ниеден претставник на екипата шампион во овој вид спорт - кошарка за луѓе со ограничени способности.
Уредникот на Gigantes del Basket дури и јавно поставил прашање до Паралимписката федерација но од таму му одговориле: „Пријателе, очигледно ако патите од такви нарушувања, немате да кажувате на секој што ќе го сретнете“.
А еден од главните преваранти, оној уредникот од најгоре, Карлос Рибагорда во статија за Capital во декември, значи повеќе од еден месец по враќањето од Австралија каде освоиле злато пишал за целата измама.
Но претходно во ноемвриското издание Gigantes del Basket јавно ја соопштиле целата срамна превара. Пишале и дека Рибагорда неколку години се насладувал на бонуси кои биле предвидени за кошаркарите со ID и добил златна медала на Паралимпијада па затоа не чекал да се стиши целата работа.
Новинарите на овој лист сметале и дека они пишале за аферата кога Рибагода не кажал ни збор: „Ние раскажавме за аферата уште тогаш додека ти се излежуваше на плажите во Сиднеј... А сега ти демек бараш истрага за тоа и сакаш уште една лажна медала на врат да ти закитат“.
Но нагаѓањата би биле само нагаѓања доколку не се огласел и Рибагорда. Тој покажал со прст во човекот кој стои зад сите превари.
Ферандно Мартин Висенте имал неколку високи фунцкии поврзани со паралимписки движења. Меѓу другото бил потпретседател на паралимпискиот комитет на Шпанија, претседател на INAS (организација која се занимава со документација) и претседател на FEDDI (организација која бира спортисти за учество на меѓународни натпреварувања за лица со ограничени можности).
Самиот Висенте имал ќерка со инвалидитет. Неговата кариера во сферата на паралимписки спортови почнала уште во 1975-та. Тогаш основал Национална Асоцијација на посебни видови спорт со цел да привлече државни средства и да ги распредели меѓу спортистите со ограничени можности.
После многу години, по пишувањето на Рибагорда, новинарите на El Mundo се обиделе да ги докажат зборовите на Рибагорда дека Висенте е „типичен чиновник - корупционер кој се крие зад документите и кој вршел злоупотреби на многу места. Се открило дека имотот на Висенте е пет милиони евра, дека поседува јахти, осум возила меѓу кои и Порше, пет куќи и неколку големи парцели земја.
Месец дена по оваа објава Висенте дал оставка. Но никогаш не признал јавно дека злоупотребувал средства. „Многу е жално ова. Немав никаква лоша намера. Просто тој што сака да ја измами комисијата, фактички може лесно да го направи тоа. Па полесно е да ги убедиш сите дека не си доволно паметен отколку дека си“.
Никогаш не добил никаква казна за големата афера.
Целиот случај добил епилог во 2013-та година кога биле обвинети 19 лица. Шест од нив биле членови на репрезентациајта (тренери, доктор и психолог) а 12 кошаркари биле прогласени за невини. Фернандо Висенте добил казна од 5.400 евра за измама и злоупотреба на должност. Него му ги замрзнале и 142.000 евра предвидени од државата за спортистите со попреченост на кои никогаш не им стигнале тие пари.
А подоцна се огласил и селекторот на оваа репрезентација, Жорди Кларенс кој ги водел на Светското првенство 1998 во Бразил. Тој раскажал дека идејата за превара се јавила откако Шпанија изгубила од Португалија на Купот на Иберија пред Светското првенство.
„Ние секогаш ги победувавме Португалците но на тој меч имаа еден голем дечко кој јавно вака немаше никакви здравствени проблеми и не победија 15 поени разлика. Следниот ден потпретседателот на Федерацијата, Хесус Мартинез ми заѕвони и ми кажа дека ни требаат нови играчи кои би го подигнале нивото на репрезентацијата и кои ќе одат „под ограничувањата“. Веднаш сфатив дека пронашле дечки кои и мене би можеле да ме учат баскет“.
Ни после цели 21 година никој не ги сфатил до крај целите на целата превара.
На таа Паралимпијада Шпанија го освоила третото место по вкупен број на медали (106 медали, 38 златни), зад Австралија (149 медали, 63 златни) и Велика Британија (131 медал, 41 злато).
Голема е веројатноста и дека постоела поврзаност меѓу добрите резултати и привлекување спонзори од кои корист имале Висенте и другите негови соработници во Федерацијата. Средствата не оделе кај спортистите на сметка.
Чудно е и што никој од кошаркарите кои навистина имале докажани ограничени способности, не сакал да збори со новинарите.
За победата во финале и златниот медал добиле по 150.000 евра кои подоцна им ги земале назад.
„Еднаш им реков дека не е можно да бидам умствено огранчен како останатите играчи, но во Федерација ми рекоа дека нема никаков проблем и дека правилата се толку матни што не треба да се претворам ништо и дека цела екипа така прави за парите да отидат за доброто на инвалидите“, раскажал еднаш Хуан Луис Родригез член на таа репрезентација.
„Мислам дека повеќе само сакаа бесплатно да отидат во Австралија, освен тоа беа горди што го носеа дресот на својата земја. Многу тешко прашање е навистина. Некои од нив беа млади и не разбираа колку се тоа е ужасно. Некои ги однел во заблуда. На пример Федерацијата тврдеше дека тоа е нормално и дека сите земји прават така за да бидат посилни. Останатите играчи тоа го правеа за пари и шанса да отидат да го видат Сиднеј“, раскажал Рибагорда во интервју за The Guardian и VICE.
На голема жал, на крај најмногу настрадале оние за кои и бил смислен овој вид спорт - кошарка ID.
Луѓето од меѓународниот Паралимписки комитет прво негирале дека може да направат каков било пропуст, а после со еден потег ги тргнале од програмата на Игрите сите видови спорт за луѓе со интелектуални ограничувања зошто не постеле објективни методи за тест со кој ќе се спречи измама.
Илјадници луѓе на планетата кои живееле за оваа игра, ги проколнувале преварантите: „Се се смени и се сруши надежта и сонот на многумина. Да можам би им збрцал нож во стомак“, рекол еден репрезентативец на Австралија.
Технологијата за посигурна контрола и проверка на интелектуалните способности се појавила некаде при крајот на минатата деценија. На Паралимпијада 2012 вратиле некои видови спортови но кошарката ID сè уште не.
Ова бил и силен удар за двајца играчи на шпанската селекција кои одговарале на сите критериуми за учество на Паралимпијада. Еден од нив е Хуан Пареха кој долги години се борел со депресија и работи како градинар. Тој до ден-денес не можел да збори на темата.
Другиот е капитенот Рамон Торес кој и помогнал на нацијата да се справи некако со неверојатната брука. Во 2018-та неговата приказна била раскажана во документарниот филм „Шампиони“ кој во Шпанија бил избран за најдобар филм на годината. Во фокус на филмот е тренер кој е принуден да работи со екипа играчи со ограничени интелектуални способности.
Во 2019-та излегол и документарецот „Кралот Реј“ во кој Торес ја раскажува историјата на паралимписката превара од своја гледна точка.
„Одеднаш се чувствуваш како се што си направил во животот да е лага. Како да се враќаш во школо каде сите ме малтретираа и ми даваа навредливи прекари. Не знаеш каде одиш. Се чувствуваш празно. Не сакаш ништо веќе“, раскажува Рамон.