Новинарите дојдоа со техничка екипа, а целата седумдневна посета во Србија ја имаат документирано до детаљи. Посетуваат многу места, како на пример салата каде што почнал Јокиќ и црквата каде што се оженил.
Се среќаваат со многу луѓе, меѓу кои и со неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ и се утепуваат од пиење Јелен пиво.
Во целата авантура ги води човек од Србија. Одат на две телевизиски гостувања, на фудбалски меч на Црвена Звезда во ЛШ, како и на кошаркарскиот квалификациски меч за Светско меѓу Србија и Грција, каде ќе се видат со Никола.
Му ја имаат снимено и лудата тројка во дуел со Јанис.
Момците се воодушевени од гостопримството и храната. Пробуваат еден куп ствари, меѓу кои се разбира, ракија и бурек и очекувано еден од нив се жали дека е поправен.
Многу содржајно, динамично и гледливо.
Јокиќ го прими МВП признанието пред штала во Сомбор со тамбураши