Големото изненадување во Сомбор го режирале од Денвер со помош на луѓе од НБА лигата, за човекот кој стана само 13-ти играч во историјата со две МВП признанија во низа и само петти центар.
Јокиќ се појави со коњ, се расплака од возбуда, а пред шталата го чекаше и жива музика.
Во Сомбор пристигнаа тренерот Мајк Мелоун, генералниот директор Келвин Бот и сопственикот на Денвер Стен Кроенка. Каква чест.
„Мислам дека за прв пат во историјата на НБА лигата, еден МВП трофеј беше доделен во штала за коњи, констатираше водителот на ТНТ, а тоа го потврди и самиот Јокиќ кој меѓудругото кажа:
„Не е можно дека воопшто ќе станам кошаркар и дека ќе играм во НБА лигата, доаѓајќи од овој град, а сега сум дел од најјаката лига во светот“.
Јокиќ на гласањето доби 875 бодови, веднаш зад него беше Џоел Ембид со 706, додека трет беше Јанис Адетокумбо со 595. Потоа следуваа Девин Букер, Лука Дончиќ, Џејсон Тејтум, Џа Морент, Стивен Кари, Крис Пол, Демар Дерозан, Леброн Џејмс и Кевин Дурент.
Гласовите за оваа награда ги даваа над 100 новинари кои работат во САД и Канада.
Surprise in Sombor✈️🇷🇸 We flew to Serbia to surprise the BACK-TO-BACK MVP! And, wow, this moment was special. pic.twitter.com/aFvIEDgnSj
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022
"First time in NBA History that a KIA MVP honor has been given out in a Serbian horse stable."
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022
We're gonna take a guess that you're right, @TurnerSportsEJ 🤣 pic.twitter.com/v5RZrEQbi3
From his stables to back-to-back MVP. He's been overcoming the odds from the beginning🙌 pic.twitter.com/Y6UtusJhZM
— Denver Nuggets (@nuggets) May 11, 2022
A dog starts choking off screen as 2X NBA MVP Nikola Jokic, in front of his horses stable, tells the TNT crew that he's "Not flashy". Our king. #MileHighBasketball pic.twitter.com/c5aLAdnb9c
— Ryan Greene 📷 (@RyanGreeneDNVR) May 11, 2022
another angle of Jokic's interview. Look at that set up 😂😂😂😂😂😂 pic.twitter.com/ATYW7oOPiC
— D-Line Co. (@DLineCo) May 12, 2022
Прв ја пласираше информацијата новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.