Италијанската кошаркарска репрезентација направи голем подвиг и после -16 поени разлика во еден момент, на крајот ја урна Србија со Јокиќ во 1/8 финале на Европското првенство.
Многу стручни аналитичари и коментатори тврдат дека токму реакцијата на Поцеко кога беше исклучен после технички грешки и изваден од теренот, придонела неговите кошаркари да заиграат до последен атом.
На крајот се исплатеше зошто Италија разби со 16 уфрлени тројки а херој беше Марко Спису кој постигна 6 тројки.
После мечот аѕурите славеле долго во ноќта а селекторот Поцеко им ја дал картичката и им рекол да потрошат колку што сакаат во частење.
„Сите излеговме на вечера цела репрезентација. Не беше толку лошо, само околу 700 евра му потрошивме. За 12 луѓе е океј. Нарачавме само пилешки крилца и води, тоа е тоа“, рекол Спису.
Италијанците сега во четвртфинале ги чека Франција со Уертел, Фурние и Гобер. „Галските петли“ се фаворити според обложувалниците.
На останатите дуели од 1/4 финале, домаќинот Германија ја чека Грција, Шпанија ќе оди на Финска а Словенија на Полска.
Италијанскиот селектор даваше изјава на англиски па сврте на српска пцовка