Во осминафиналето на Европското првенство се случи првата сензација. Италија ја совлада Србија 94:86 и се пласираше во четвртфиналето.
Иако „играч на мечот“ беше лудо харизматичниот италијански селектор Џанмарко Поцеко (49) кој во моментите кога се кршеше резултатот направи циркус при излегување од игра и буквално го сврте мечот во корист на Италијанците, сепак главен јунак е Марко Спису.
Дваесет и седум годишниот Спису е познат само на редовните следбеници на европската клупска кошарка. Тој е играч на италијанска Венеција а освен малата авантура во УНИКС Казањ во Русија, играше за Динамо Сасари речиси десет сезони и беше на позајмици во разни клубови во татковината.
Спису има неколку евролигашки натпревари во кариерата и не беше надалеку познат. Се до 11-ти септември кога постигна 22 поени, развали во шут за три со дури шест погодени тројки и 7 од 11 од игра.
Фасцинира податокот дека Марко Спису на дури пет натпревари на Италија во групна фаза не постигна вкупно поени како на еден меч против Србија.
Против Естонија имаше 0/5, против Грција даде 5 поени, против Украина 11 а против Хрватска 3 и Британија 0. Имал само четири упатени шута против Хрватите и Британците.
Италија ги слави своите јунаци а посебно Поцеко и Спису.
Marco Spissu with the game of his life 🔥
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 11, 2022
22 PTS on 6/9 from three as @ItalBasket 🇮🇹 shock Serbia & advance to the #EuroBasket Quarter-Finals! #BringTheNoise🇮🇹 pic.twitter.com/5BY0Lg6scX
Селекторот на Италија ги гушкаше Србите, Италијанците и на крај и Гркот Јанис
Верувале или не, три меча од осминафинале на Европско завршија 94:86