Селекторот на Италија ги гушкаше Србите, Италијанците и на крај и Гркот Јанис

Италијанците направија сензација против Јокиќ и другарите и ја селиминираа Србија во осминафиналето на ЕП. Него како ли да ви ги опишеме емоциите и радоста на италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко? Побудале човекот и на крај се измори од радување. Ако ве види и вас ќе ве гушне.

Ги гушкаше и своите, ама и потиштените Срби.

А веројатно ова ќе биде клипот број 1 на Европското, иако треба да сочекаме што ќе направи следно ако во четвртфинале ја минат Франција.

Инаку Поцеко во трета четвртина беше исклучен, па вака го чекаше крајот.

А инаку претходно се фрли на гушкање кога го исклучија. И тоа почна од цела репрезентација со се стручен штаб, па отиде кај Србите за на крај да го најде и Предраг Даниловиќ на трибини.

И на грчки новинар му кажа дека го гушнал Јанис Андетокумбо.

12 септември 2022 - 08:40