Таг: џанмарко поцеко

Поцеко цепа српски

Слушнете го како зборува српски италијанскиот шоумен кој ја шокираше Србија. Првиот дел му е брз, течен и одлично изговорен.

Италијанскиот селектор даваше изјава на англиски па сврте на српска пцовка

Каков лик е овој Поцеко. Задишан од преголемата возбуда која не успеа да ја исконтролира после сензацијата против Србија, даваше изјава за српски медиум. На сред зборување прво имаш: Не, не, не, не, не, а потоа за Даниловиќ рече: брате, врло брате, за на крај онака симпатично да ја изусти нашата најдобро позната пцовка.

Селекторот на Италија ги гушкаше Србите, Италијанците и на крај и Гркот Јанис

Италијанците направија сензација против Јокиќ и другарите и ја селиминираа Србија во осминафиналето на ЕП. Него како ли да ви ги опишеме емоциите и радоста на италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко? Побудале човекот и на крај се измори од радување. Ако ве види и вас ќе ве гушне.