Осминафиналните парови во неделата ги отворија Полска и Украина. Полјаците дојдоа од групна фаза со учинок 4-1 и ја оправдаа фаворитската улога против Украина која ја победија 94:86.
Нешто подоцна, Финска ја совлада Хрватска 94:86. Предводени од сјајниот Лаури Марканен Финците издоминираа против „коцкестите“ и со буквално ист резултат како Полска поминаа во четвртфинале.
Вечерта на ред беше дуелот меѓу Србија и Италија. Со 1.10 коефицент во обложувалниците, Србија беше апсолутен фаворит. Јокиќ и другарите во групна фаза имаа 5/5 со просек по 20+ поени разлика. Тргнаа против Италија рутински, стекнаа 16 поени предност но се случи неверојатен пресврт од Италијанците кои на крај апсолутно заслужено се радуваа и тоа пазете, со резултат 94:86.
Што е уште пофасцинантно, во последниот вечерен термин, Грција ја победи Чешка 94:88 така што малку фалеше ДУРИ 4 натпревари во еден ден да завршат со ист резултат.