Јуначка тројка на Гордон за победа, 42 поени на Јокиќ

Денвер Нагетс слави голема победа во полуфиналето од Западот. Ја доби Оклахома Сити Тандер на гости и тоа со пресврт и победнички кош во финишот. Монструозен дабл дабл учинок на Јокиќ.

Нагетси ја добија Оклахома со 121:119 и ѝ го нанесоа првиот пораз на Оклахома во плејофот, која во првата рунда го збриша Мемфис со 4:0.

Триумфот има голема тежина затоа што е на гости, а уште повеќе што домаќините во последната четвртина влегоа со предност од 13 поени.

Но тогаш на сцена стапи Никола Јокиќ кој почна да им го топи водството. На 3 минути до крај имаа +9.

Мечот беше решен во самиот финиш. Чет Холмгрен на 10 секунди до крај промаши две слободни фрлања, а Оклахома остана на предност од 119:118.

Гостите тргнаа во напад, а Арон Гордон на 3 секунди до крај се крена на тројка и го реши мечот за експлозија на клупата на Денвер.

Јокиќ беше феноменален со 42 поени, 22 скока и 6 асистенции, а одлична партија имаше и неговиот конкурент за МВП признанието, Шеј Гилџес Александер со 33 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Добар меч одиграа и Гордон со 22 поени и 14 скока и Мареј со 21 поен, 6 скока и 6 асистенции. Вестбрук помогна со 18 поени.

6 мај 2025 - 08:27