Јоцо си гази во Кувајт

Селекторот на Македонија не мирува во периодот кога нема репрезентативни обврски, туку освојува титули и тоа убедливо без да дозволи некој да го победи.

Јорданчо Давитков се пофали на Фејсбук откако успеа со својата екипа Ал Кадсија да ја освои шампионската титула во Кувајт.
 
Пехарот е уште посладок бидејќи го освои во борба со директниот конкурент и бранител на титулата, Ал Кувајт кој го совлада со само еден поен разлика (76:75).
 
Популарниот Јоцо напиша DEJA VU, бидејќи ова за него е титула број 4 во Кувајт со тимот на Ал Кадсија со која славеше три години по ред во 2009-та, 2010-та и 2011-та година.
 
Титулата на Давитков успеа да ја освои убедливо без ниту еден пораз во првенството.
 
18 април 2018 - 15:17