Џејлен Брансон во стилот на Џордан

Дваесет и седум годишниот плејмејкер е најзаслужен што Њујорк Никс ќе игра во полуфинале на Истокот откако со маестрални партии ја елиминираа Филаделфија 76’. На последниот меч од серијата која Никс ја доби 4-2, нивниот лидер Џајлен Брансон имаше 41 поен, 12 асистенции и три скока. Ова му беше трет натпревар во низа со најмалку 40 поени.

Њујорк Никс во полуфинале ќе играат против стариот ривал од ’90-те години Индијана Пејсерс која со исти 4-2 го елиминираше Милвоки Бакс.

Голема поддршка на дуелот против Фиаделфија Севентисиксерс Брансон имаше од Донте Дивинченцо кој уфрли 23 поени со седум асистенции, а О-Џи Ануноби додаде 19 поени со девет скока. Џош Харт запиша 16 поени со 14 скока и седум асистенции, а токму тој стана јунак од трагичар затоа што најпрвин промаши 11 од 13 обиди за три за да на 24,4 секунди пред крајот погоди тројка со која ја осигура победата на Њујорк Никс.

Cup tree provided by Sofascore
3 мај 2024 - 10:54