Актуелниот европски шампиони забележа многу важна победа на гостувањето кај Сиена и им се реваншираа на кошаркарите на Монтепаски кои победија во Атина со 72:74.
Домашните кошаркари лошо го започнаа натпреварот, но до крајот на првиот период влегоа во ритам и направија пресврт.
Од овој момент па се до последната четвртина, Монтепаски Сиена имаше контрола на паркетот и одржуваше ниско водство.
Но на самиот старт на последнот период, Олимпијакос направи серија од 0:7 со што повторно дојдоа до водство и ја најавија неизвесната завршница.
На 5 секунди до крајот Сиена имаше напад за победа, но никој не испрат шут пред звукот на сирената и Олимпијакос успеаа да го задржи водството и да триумфира со 67:68.
Перо Антиќ одигра скоро 20 минути за кои постигна 9 поени (сите од зад линијата за 3 поени), а оствари и 4 скокови и 1 асистенција.
Фенербахче Улкер на Лестер Бо Мекејлеб продолжи со очајната форма и го забележа 9-от пораз по 11 одиграни натрпевари во Топ 16 фазата. Овој пат тие загубија на гостувањето кај Каја Лаборал со 87:67.
Мекејлеб беше најефикасен во гостинскиот тим со 16 поени и 3 украдени топки.