Кец у два

Меси главен фаворит за наградата на УЕФА

УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот избор при гласањето за најдобар фудбалер во Европа, а според очекувањата на јавноста и на кладилниците, Кристијано Роналдо и Франк Рибери немаат шанса со Лионел Меси.

Кладилниците го селат Руни во Челси

Веќе подолго време се шпекулира дека Вејн Руни сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но сега тој се наоѓа најблиску до излезната врата, а и кладилниците почнаа да примаат големи уплати и ги смалија коефициентите на опцијата дека неговата следна дестинација ќе биде Челси.

Уште еден наместен натпревар во Шпанија

Шпанската фудбалска лига (LFP) започна истрага за сомнителната победа на Расинг Сантандер над Херкулес.

Манчестер Јунајтед ги брка Барселона и Џастин Бибер

Скоро сите клубови, па дури и ФК Вардар одамна се на Твитер, само Манчестер Јунајтед долго се инаетеше. Конечно од средата и тие се приклучија, па тргнаа кон рушење на рекорди во бројот на следбеници. Кладилниците веднаш извадија коефициенти за тоа дали ќе ги надминат Барселона и Џастин Бибер.

Фудбалерите на Белизе одбиле да местат и изгубија 6:1

Репрезентацијата на Белизе која едвај собра пари за да стигне до САД и да игра на Голд купот, загуби на стартот од домаќинот со 6:1, а неколку фудбалери открија дека одбиле обид за поткуп. Колку ли ќе загубеа ако прифателе?

Кладилниците им простија на поддржувачите на Ѓоковиќ

Британците се толку среќни што по пауза од 77 години еден нивни тенисер го освои Вимблдон, па кладилниците од островот решија да ги частат оние кои во финалето се кладеле на Ѓоковиќ и изгубија пари.

Реал Мадрид е послаб од Барселона и со Анчелоти

Топ тема на денот во светот на спортот е назначувањето на новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој ќе го замени Мурињо, а неговото празно столче во ПСЖ ќе го пополни Лорен Блан. Но светските кладилници и натаму го фаворизираат Каталонскиот тим дека ќе ја одбрани титулата во Шпанија.

Ќе успее ли Шпанија да го сопре Бразил?

Викендов започнува загревањето за Светското првенство под име Куп на конфедерации. Домаќинот Бразил е главен фаворит според кладилниците, но големи шанси за уште една интернационално признание има и репрезентацијата на Шпанија.

Клади се на „Специјалниот“

„Специјалниот" се врати во Лондон по пауза од шест години, по што кладилниците веднаш ја збогатија својата понуда со специјални опклади, а веќе постоечките коефициенти за титулите на Челси почнаа да паѓаат.

Добил над 100.000 евра погодувајќи 12 европски шампиони

Кладилничар од Ирска викендов ќари 102.592 евра откако Базел ја освои шампионската титула во швајцарското првенство, а претходно имал погодено уште 11 други шампиони на европски лиги.

Тикет на колото

Од последното коло во шпанското првенство и уште неколку интересни и одлучувачки натпревари кои се на програмата овој викенд, ќе се обидеме да стигнеме до добитно ливче на самиот крај од сезоната.

Кладилниците ја добиваат битката со местачите

Водечките европски кладилници обединети под Европската спортска безбедносна асоцијација (ESSA) објавија дека ја добиваат битката со манипулаторите на спортски натпревари.

Местенки во Шпанија

Шпанскиот весник Marca разоткри голем скандал со наместени натпревари во првите две дивизии од оваа земја.

Шампионот Баерн донесе пари, Рома разочара

Финалната пресметка во Лигата на шампионите заврши по мерка на кладилничарите кои најмногу типувале на Баварците. Финалето од Купот на Италија пак беше еден од најпромашуваните натпревари во обложувалниците на Спортлајф овој викенд поради кои се кинеле ливчиња.

Тикет на колото

Одиме со наша прогноза за вечерашното германско финале од Лигата на шампионите, заедно со уште неколку натпревари од шпанското и француското првенство во обид да направиме добитен тикет на крајот од фудбалските возбудувања за оваа сезона.

Англичаните донесоа пари, Реал и Лацио разочараа

Победите на двете лондонски екипи во последното коло од Премиер лигата беа добитните комбинации во Спортлајф овој викенд, исто како и триумфот на Порто кој беше клучна за шампионската титула во Португалија. Најмногу ливчиња се кинеа поради ремито на Реал во Кралскиот Куп и поразот на Лацио.