За прв пат во историјата на Премиер лигата, водечките три клубови од минатата сезона имаат нови тренери. Ова е само еден од факторите кој ни најавува неизвесна сезона во која три тима ќе водат голема борба за титулата.
Во оваа борба како мали фаворити во однос на актуелниот шампион влегуваат Манчестер Сити и Челси. Сините од Лондон се издвоија како фаворити веднаш по враќањето на Жозе Мурињо, а Манчестер Сити и новиот менаџер Мануел Пелегрини го засилија тимот за скоро 100 милиони фунти. Кладилниците на овие две екипи им дадоа коефициент 3,25.
Манчестер Јунајтед немаше поголеми проблеми при освојување на титулата минатата сезона, но по пензионирањето на Алекс Фергусон и неактивноста на новиот менаџер Дејвид Мојс на трансфер пазарот, беше доволен показател за кладилниците да им ја одземат фаворитската улога и да им дадат коефициент 3,75.
Засега неактивен на трансфер пазарот беше и Арсен Венгер, па кладилниците не сметаат дека Арсенал ќе се вмеша во битката за титулата и нивниот коефициент е 11. За четвртата позиција ќе се борат уште Тотенхем и Ливерпул чиј коефициент за титулата изнесува 29.
Како и минатата сезона, главен фаворит за титулата најдобар стрелец е Робин ван Перси со коефициент 4,33. Следуваат Серхио Агуеро (9), Вејн Руни (15) и Луис Суарез (17).