Италијанскиот стратег Карло Анчелоти по освојувањето на шампионската титула во Франција со тимот на ПСЖ, доби уште поголем предизвик, а тоа е тренерската функција на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите кој ќе го води во наредните 3 години.
Одговорноста во Реал е секако голема, а дел од неговите задачи е повторно да се врати шампионската титула која сезонава отиде во рацете на Барса. Според кладилницата „Бет Виктор" Каталонците и натаму се фаворити за одбрана на титулата со коефициент 1.57 пред Реал Мадрид со 2.38.
Големата битка во Премиера и оваа сезона ќе се води помеѓу двата големи европски гиганти, па така Атлетико Мадрид се најде на третото место според шансите со коефициент 101, а Валенсија е четврта со 201.
54 годишниот трофеен тренер кој со Милан два пати ја освои Лигата на шампионите, ќе има задача да го освои токму ова најпрестижно клупско признание до кое Мурињо не успеа да стигне.
Реал Мадрид веќе подолго време сонува за 10-та шампионска титула во најквалитетното клупско европско натпреварување, а „Бет Виктор" според коефициентите му дава најголема шанса со коефициент 7, и тоа пред бранителот Баерн Минхен и Барселона.
Потоа следуваат англиските клубови од кои на Манчестер Јунајтед под водство на Мојс му даваат коефициент 11, а на Челси и Манчестер Сити со новите тренери Мурињо и Пелегрини коефициентите им се по 13.