Тикет на колото

Од последното коло во шпанското првенство и уште неколку интересни и одлучувачки натпревари кои се на програмата овој викенд, ќе се обидеме да стигнеме до добитно ливче на самиот крај од сезоната.

Реал Мадрид-Осасуна ГГ3+
Очекуваме растерен фудбал со многу голови помеѓу две екипи кои не се борат за ништо.

Рајо Ваљакано-Атлетик Билбао ГГ3+
Потполно е иста ситуацијата и на овој меч на кој фудбалерите играат само за престиж.

Баерн Минхен-Штутгард 1
Најдоминантниот тим оваа сезона во Европа има одлична шанса сезоната да ја заврши со тројна круна.

Вардар - Хоризонт Турново 1
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб пред своја публика има шанса да ја освои шампионската титула.

САД- Германија ГГ3+
Пријателска средба на која очекуваме многу голови.

Бразил - Англија Т1
На една година до стартот на Мундијалот многу фудбалери на Бразил се борат за место во првиот тим. Ова е одлична можност да се докажат.

1 јуни 2013 - 11:39