Викендов ќе се одиграат последните натпревари во Германија и Англија, а се ближи крајот и во Шпанија и Италија што значи дека имаме одлична понуда од која можеме да го составиме добитниот тикет.
Дејвид Бекам објави дека ќе се пензионира, а на кладилниците на островото им требаше само неколку часа за да ја збогатат својата понуда со коефициенти за иднината на англиската икона. Помеѓу другото, можете да се кладите и на тоа дали ќе биде градоначалник или премиер.
Победата на Порто во португалското дерби и гостинскиот триумф на Тотенхем беа најтипуваните натпревари ова коло во Спортлајф кои донесоа добивки. Разочарувачки беа нерешените натпревари на Милан и Реал, како и поразот на Манчестер Сити поради кои се кинеа ливчиња.
Натпреварите во најсилните национални првенства се пред самиот крај, па ќе се обидеме нашата стандардна рубрика оваа сезона да ја привршиме со по некоја добитна комбинација во последните кола.
Претседателот на Шпанската фудбалска лига (LFP), Хавиер Тебас изјави дека постојат црвсти докази дека натпреварот од 31-то коло помеѓу Леванте и Депортиво бил наместен.
Ако им се верува на коефициентите кои беа намалени откако огромни суми на пари беа уплатени во кладилниците, наследник на Алекс Фергусон на кормилото на Манчестер Јунајтед ќе биде менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс.
За време на велигденските празници, обложувачите во Спортлајф најмногу се израдуваа на победите на Арсенал, Валенсија и Марсеј, а ливчиња кинеа на германското дерби каде очекуваа повеќе погодоци, како и на киксот на Фиорентина на домашен терен.
Победите на Челси и Шалке кои беа очекувани, како и мадридското дерби каде се бараа 3 гола се натпреварите кои носеле најмногу пари во обложувалниците на Спортлајф. Обложувачите најмногу ливчиња искинале на ремито на Тотенхем и на неефикасното дерби на „Емирати".
Минатото коло не успеавме да направиме серија од два добитни тикети по ред, но еве не на поправен испит, повторно со натпреварите од националните првенства каде што се ближи крајот.
Луис Суарез беше во центарот на вниманието со израмнувачкиот гол во 97-та минута против Челси, но и со гризнувањето на Ивановиќ со што ги поттикна кладилниците да ја зголемат нивната понуда со неколку интересни опции за кладење поврзани со неговото име.
Пред почетокот, но и во текот на целата сезона, кладилниците сметаа дека Барселона е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, но го сменија своето мислење по извлекувањето на полуфиналните парови. Сега фаворити се Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Фудбалерите на Јувентус не само што ги израдуваа своите навивачи со победата над Милан, туку и им донесоа најмногу пари на обложувачите во Спортлајф овој викенд, а најчесто тикетите завршуваа во канта заради шпански екипи.
Националните првенства во поголемите лиги во Европа се движат кон својот крај со што натпреварите стануваат поинтересни за гледање, но и за типување. Одиме со нашите предлози.
Викендов стартува плејофот на 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Кладилниците предвидуваат реприза на минатогодишното финале во НБА лигата, а актуелниот шампион, екипата на Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на титулата.
Ако минатата недела Горан Пандев со голот против Џенова им донесе пари на многу обложувачи во Спортлајф, овој викенд тој искина многу тикети со голот против Милан. Најмногу пари викендов се фатија на Лион, Реал и Фенербахче.