Атлетико Мадрид - Барселона ГГ3+
За Каталонците оваа сезона е речиси завршена, а на гостување во Мадрид очекуваме растерен фудбал со многу голови и официјално заверување на шампионската титула на Барса.
Еспањол - Реал Мадрид ГГ3+
Истото важи и за тимот на Реал Мадрид кој речиси и математички останува второпласиран.
Манчестер Јунајтед - Свонси 1&4+
Последниот натпревар на Сер Алекс Фергусон пред домашна публика очекуваме да заврши со победа изразена со многу голови.
Баер Леверкузен - Хановер 4+
Фудбалерите на Баер Леверкузен се математички на третата позиција, а традиционално сезоната пред своите навивачи ја затвораат со многу голови.
Баерн Минхен - Аусбург 4+
Слично ќе биде и на „Алијац арената", каде Баварците го играат последниоt меч пред своја публика оваа сезона.
Лацио - Сампдорија 1&3+
Тимот од Рим конечно влезе во форма и e во трка за место кое носи во Лигата на Европа. Пред себе ја има екипата на Сампдорија која е спасена од испаѓање.