Трансфер пазарот во Шпанија беше раздвижен ова лето, но клубовите повеќе беа заинтересирани за продажба, отколку за засолувања. Втора година по ред клубовите повеќе заработуваат, а ова лето само шест клубови (Реал Мадрид, Барселона, Виљареал, Гранада, Ваљадолид и Елче) се во минус во досегашниот тек од трансфер пазарот.
Барселона го доведе најголемото засилување, талентираниот Бразилев Нејмар, но тие повторно не се засилија каде што се најранливи - одбраната. Сепак тие повторно се најголеми фаворити за одбрана на титулата, а во тоа се согласуваат и кладилниците кои им дадоа коефициент 1,65.
Реал Мадрид потроши голема сума на Иљараменди, Иско и Дани Карвахал, а на клупата го нема и проблематичниот Жозе Мурињо, па предводени од Карло Анчелоти тие ќе бидат сериозна закана за титулата на Барселона. Коефициентот за титулата Реал Мадрид е 2,25.
Останатите тимови немаат шанса за титулата и тие ќе се борат за третата позиција. Тука предноста ја има Атлетико Мадрид (67), а следат Валенсија (101), Реал Сосиедад (251) и Севиља (251).
Најдобриот стрелец од минатата сезона, Лионел Меси повторно е фаворит за ова признание. Коефициентот за него 1,7. Следи Кристијано Роналдо со 2,3 а коефициентот на Нејмар е 9.