Скоро 55.000 кредити викендов беа вложени на збогатената понуда за финалето од Лигата на шампиони, но ако Типстер беше кладилница и ако типстерите вложуваа вистински пари, тогаш ќе имавме добар ќар.
Најмногу кредити на натпреварот (и воопшто во историјата на Типстер), беа вложени на победата на Реал Мадрид, но типстерите загубија дури 7.213 кредити.
Типстерите промашија и дека Реал Мадрид ќе го даде првиот гол, првото полувреме ќе заврши нерешено, дека ќе има барем три гола на натпреварот, дека Атлетико Мадрид ќе биде шампион...
Единствено добро поминаа оние кои типуваа дека Реал Мадрид ја освои Лигата на шампиони. На оваа опција со коефициент 1,55 беа вложени 6.894 кредити.
За махер на финалето од Лигата на шампиони го прогласуваме Vladimir LjaLjo Zdravkovski кој ги погоди сите пет типувани прогнози и ќари 194 кредити.
Битката за месечните награди е при крај. Овој месец на двајцата најдобри типстери ќе им подариме дресови од македонската фудбалска репрезентација, а третопласираниот ќе пие пакет пиво. Типувајте!