Пласман во четврт-финалето од Лигата на шампиони обезбедија Барселона, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Челси, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, а паровите за оваа фаза ќе бидат извлечени во петок.
Првите натпревари ќе се одиграат на 1. и 2. април, а реваншите се закажани за 8. и 9. април. Финалето од Лигата на шампиони ќе се одигра во Лисабон на 24 мај.
Пред да ги дознаеме четврт-финалните парови, кладилниците ги објавија коефициентите за шампионот во најелитното европско клупско натпреварување.
Екипата на Баерн Минхен си остана фаворит според кладилниците. Пред почетокот на сезоната, нивниот коефициент беше 4,25 а сега изнесува 3.
Втората и третата позиција со коефициент 4,5 ја делат Реал Мадрид и Барселона.
Следува ПСЖ со коефициент 11, Челси со 12, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд со 15, а најмали шанси со коефициент 17 има Манчестер Јунајтед.
Кристијано Роналдо со коефициент 1,2 е апсолутен фаворит за освојување на титулата најдобар стрелец во Лигата на шампиони. Тој до сега има постигнато 13 погодоци, а зад него е Златан Ибрахимовиќ со 10 и неговиот коефициент во кладилниците е 5,5. Зад нив е Меси со коефициент 9.