Радоста на Барселона на негативата од само еден поен траеше само еден ден. Реал Мадрид си ја врати предноста од четири поени со победата од 1:4 на гостувањето кај Атлетико во големото градско дерби на Мадрид. Стрелец на три гола беше Кристијано Роналдо со што Португалецот го престигна Лионел Меси на листата на стрелци.
Уште нешто помалку од два месеци до почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина. Се уште е рано да се дискутира за фаворити и аутсајдери, но ги знаеме сите 32 дреса на 16-те учесници па можеме да одбереме најубав и најгрд дрес на првенството.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Панама му го разубаве денот на еден млад навивач сликајќи се со него, но целата слика ја разубаве содржината на неговата ќеса.
Не дека сме нешто подобри или победивме некого, но фудбалската репрезентација на Македонија без да одигра натпревар направи скок од четири места и сега е пласирана на 98-та позиција на најновата ранг листа на ФИФА.
Сали Мунтари беше стрелец на единствениот гол при победата на Милан на гостувањето кај Киево, а по натпреварот тој сакаше да му го подари својот дрес на едно од децата кои ги собираат топките. Но детето не беше многу импресионирано.
Фудбалерите на Барселона го играа натпреварот против Хетафе, а истовремено нивниот соиграч Ерик Абидал беше подложен на хируршки зафат за пресадување на црниот дроб.
Енди Керол конечно даде гол и тоа победнички за неговиот тим. Ливерпул со играч помалку триумфираше по пауза од четири натпревари, а Керол го прекина постот кој траеше 517 минути.
Фудбалерите на турскиот четвртолигаш Чанакале Дарданелспор си постигнаа автогол откако по грешка им дадоа гол на Ерзурумспор наместо да им ја вратат топката.
По Манчестер Сити и ПСЖ, арапските нафтени пари вродија плод и во Малага. Клубот од јужната покраина Андалузија полека но сигурно станува трет клуб во Шпанија зад Реал Мадрид и Барселона.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација заборави на 159-те настапи и 48 гола во дресот на Лацио, па по постигнатиот гол за Наполи тој направи гест со кој ги разлути навивачите на неговиот поранешен клуб.
„Пукна тиквата" меѓу Манчини и Балотели. Колку и да му беше милениче, менаџерот Роберто Манчини конечно го загуби трпението со неговиот сонародник Марио Балотели.
По еден прекршок на натпреварот против Валенсија, Пепе остана да лежи на тревата, а неговиот соиграч Арбелоа се обиде да го крене за да не губат време. И потоа следеше реакција во стилот на Пепе...
Шпанската Примера станува неворојатно интересна. Реал Мадрид со 10 поени предност веќе го имаше пехарот во рака, но по денешното реми со Валенсија, сега Барселона заостанува на само 4 поени.
Екипата на Арсенал со победата над Манчестер Сити најверојатно ја реши битката за титулата во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед на шест кола пред крајот веќе има осум поени предност.
Заради католичкиот Велигден, сите натпревари од италијанската Серија А се одиграа денес, а фудбалерите на Милан имаа најубав велигденски подарок за Јувентус. Тие му го подарија врвот на табелата откако загубија на домашен терен од Фиорентина. Горан Пандев постигна гол за Наполи против Лацио.
Арсен Венгер тврди дека неговата екипа го игра можеби најелегантиот и грациозен фудбал во Англија, а тоа најверојатно се должи на фактот што во слободно време фудбалерите на Арсенал вежбаат балет.
По Барселона и Реал Мадрид кои се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампиони, во истата фаза од Лига Европа се пласираа уште три екипи во Шпанија. Освен Атлетико, Валенсија и Билбао, во полуфиналето ќе игра и португалскиот Спортинг.