На почетокот од минатата сезона навивачите на Келн пред почетокот на еден тренинг истакнаа парола „Ќе ве претепаме ако Келн испадне од Бундеслига" и си го исполнија ветувањето.
Пред неколку месеци тие го нападнаа 23-годишниот фудбалер Кевин Пецони и му го скршија носот, а откако Келн заврши на претпоследното место и испадна од Бундеслигата, тие повторно го насочија својот гнев кон овој фудбалер кој одигра многу слабо во изминатата сезона.
Навивачите на Келн направија петиција на интернет со која побараа од Пецони да го напушти клубот, му испратиле безброј заканувачки пораки и писма, а чашата ја прели случајот од минатата недела. Неколку навивачи го пречекале пред неговиот дом, го малтретирале и му се заканиле дека ќе го претепаат ако не го напушти клубот.
Исплашениот фудбалер побарал раскинување на договорот и добил дозвола да го напушти клубот.