Веќе долго време Усен Болт изјавува дека еден ден би сакал да се проба и во фудбал и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед.
Пред неколку недели тој беше гостин на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Фулам, а Болт ја искористи оваа шанса и лично на Алекс Фергусон му ја искажа својата желба да заигра за Манчестер Јунајтед, а Шкотланѓанецот најави дека ќе му ја исполни желбата.
Фергусон најави дека ќе го покани Болт да игра за тимот на Манчестер на хуманитарниот натпревар против легендите на Реал Мадрид и на тој начин ќе се увери во квалитетите на атлетичарот.
„Усеин е голем навивач на Јунајтед. Мене ми беше интересно кога тој изјави дека сака да игра и на хуманитарен натпревар. Тоа би било фантастично. Ние повторно ќе го одиграме натпреварот на легендите против Реал Мадрид и тоа ќе биде шанса да заигра за првиот тим и да покаже што умее", изјави Фергусон за клупскиот магазин.