Борусија Дортмунд остварува рекордни приходи

Додека фудбалските клубови од Шпанија, Италија и Англија се дават во долгови, германскиот шампион Борусија Дортмунд објави дека минатата сезона оствариле приход од рекордни 215 милиони евра.

Приход од 215 милиони евра за сезоната 2011/12 е раст за дури 42,1% а ова најмогу се должи на нивното учество во Лигата на шампионите без разлика на тоа што тие рано беа елиминирани.

Според бројките кои ги објави Борусија Дормунд, тие оствариле профит од 39 милиони евра.

Пред десетина години Борусија Дортмунд беше на работ на банкрот, во изминатите две сезони успеа да го сопре Баерн Минхен, нешто што не се случило во последните 15 години, минатата сезона оствари рекорден профит, а овој рекорд се очекува повторно да биде срушен оваа сезона.

Овој успех на Борусија Дортмунд се базира на одличното функционирање на комерцијален план, но и на теренот каде тимот е составен од млади теленти како Марио Геце, Марко Ројс, Роберт Левандовски и Марс Хумелс.

3 септември 2012 - 22:04