По 23 години чекање откриени се документите за „најзаташкуваниот" случај и најголемата трагедија која се има случено на фудбалски стадион во Британија. За загинувањето на 96 гледачи не се виновни навивачите на Ливерпул.
Барселона и Реал Мадрид водат вечна битка на фудбалските терени, но тие сега се борат и за фанови на Фејсбук. А таму, исто како и моментално на табелата во Шпанија, Барселона има голема предност.
Мислевте дека само македонските новинари не смеат да кажат лош збор за репрезентативците? Норвешкиот голман Јарстеин го прекина интервјуто, скрши микрофон и упати безброј пцовки кон новинарот кој го праша дали чувствува одговорност за примениот гол при победата од 2:1 над Словенија.
Она што и врапците по рефлекторите на Максимир и Хемпден можеа да видат, а што сум убеден дека Јаневски успеал да го постигне, е дека односот и пристапот кон репрезентативниот дрес е апсолутно променет. Ваков пристап немало од времето кога Дончо Национале ги тераше репрезентативците да љубат икони на Илинденци пред утакмица.
Добрата игра во Хрватска ни влеа самодоверба, а сега веќе и ни се дигнаа акциите, па селекторот Чедомир Јаневски не е задоволен со нерешен резултат на гостување во Шкотска. Со право! Тоа е менталитетот кој ни недостасуваше.
По уште еден одлично одигран натпревар од фудбалската репрезентација на Македонија со две пропуштени 100% шанси и погодена статива, можеме да жалиме за пропуштената победа над Шкотска откако повторно бевме казнети за едно невнимание во одбраната.
Медицинскиот оддел на ФИФА предупреди дека околу 35% од фудбалерите ризикуваат со користење на сомнителни додатоци во исхраната верувајќи дека со тоа ќе им се подобри формата.
И покрај тоа што со реновирањето на тимот ги скратија годишните трошоци за дури 60 милиони евра и немаат ниту еден фудбалер помеѓу петте најскапо платени во лигата, Милан сè уште троши најмногу за плати од сите клубови во Серија А.
Поранешниот македонски шампион е еден од 23 фудбалски клубови од Европа кои ги прекршиле правилата за лиценцирање и финансиски фер плеј и не си ги добија парите од наградниот фонд на УЕФА.
Фудбалската репрезентација на Македонија денес во Глазгов ги продолжува натпреварите од квалификациите за Светското првенство во 2014-та година. Од Шкотска не смееме да се вратиме поразени и да ја загубиме надежта по само две одиграни квалификациски средби.
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година не ја искористи историската шанса за пласман на Европското првенство, но сепак не разочара затоа што по подолго време една наша репрезентација не ги заврши квалификациите уште по почетните натпревари туку се бореше до крај.
Името можеби не ви е познато, но неговите дела и тоа како се познати по целиот свет. Како огромни почитувачи на ликот и делата на комичниот голман, одбележуваме две години од потегот со кој стана мега-ѕвезда на интернет.
Се ближи почетокот на Лигата на шампиони. Екипите ги имаат последните подготовки, составите на тимовите се веќе познати, па време е вие да покажете како се снаоѓате во улогата на фудбалски менаџери.
Ваков гол сигурно до сега не сте виделе. Голманот Јакоб Колер од данскиот третолигаш Фрем го спаси својот тим од пораз против Биркерод со гол во последни секунди и тоа со ножички.
За жал овој викенд во изборот за 10-те најдобри голови од изминатата недела TVGOLO направи превид и не го вклучи голот на Христијан Кировски, па затоа ние ќе го прогласиме голот на нашиот интернационалец во израелското првенство за гол на неделата.
Македонија загуби од Хрватска, но на теренот не се виде голема разлика помеѓу 9-та и 97-та репрезентација на ФИФА ранг листата, а тоа го признаа и самите хрватски фудбалери кои на моменти беа надиграни.
Македонските фудбалски фанови со мерак изгледаа едно полувреме од натпревар на националниот тим, но за неискористените шанси следеше казна во вториот дел и репрезентацијата на Хрватска минимално славеше на првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2014-та година.
Прашањето во врска со вечната дилема за тоа кој е подобар, Меси или Роналдо, му беше поставено и на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, а тој даде дипломатски одговор.