Фудбал

Ривалдо како Ривалдо

Ривалдо, фудбалерот на Спорт Ресифе на натпреварот против Палмеирас постигна „голчиште“ во стилот на својот попознат имењак.

 

Нови квалификации за нов почеток на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на стадионот Максимир во Загреб против репрезентацијата на Хрватска започнува нов квалификациски циклус. Со нов селектор и мотивирани фудбалери, одиме на враќање на вербата во националниот тим и вадење од калта на македонскиот фудбал.

Како да се победи Челси

Атлетико Мадрид целосно го надигра европскиот шампион и го совлада со 4:1 во Суперкуп натпреварот, со што тренерот Диего Симеоне со право може да дели лекции за тоа како да се победи Челси.

Статива, глава, гол

Според начинот на кој детево се справи со топката, ова може да е Пепе Реина во млади денови.

Спонзорот на УЕФА прв ќе го прекрши нивниот закон

Со купувањето на Хулк и Витсел, екипата на Зенит е на добар пат да ги прекрши правилата на УЕФА за финансиски фер плеј, но тоа воопшто нема да претставува проблем затоа што овие трансфери беа финансирани од Газпром, компанијата која неодамна стана спонзор и на УЕФА.

Надувај ги, па победи ги

Кога фудбалерите одат на гостувања на некои стадиони се плашат од домашните хулигани, некаде проблем е климата, но најверојатно во Јамајка сите уживаат.

Кунг-фу гол

Томас Де Винсенти од грчкиот клуб Пас Јанина на натпреварот против Панатинаикос постигна луд гол со кунг-фу удар.

Хрватите не сакаат да ја гледаат Македонија

Невидено слаб интерес во Хрватска за натпреварот против Македонија. Заради високата цена и неатрактивноста на нашата репрезентација, до сега се продадени само 1.500 влезници.

Mакедонија се врати во Топ 100

По пауза од три месеци се вративме помеѓу најдобрите 100 репрезентации на ФИФА ранг листата. Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и сега се наоѓа на 97-то место.

Болт ќе игра за Манчестер Јунајтед

Се исполни желбата на Усеин Болт. Сер Алекс Фергусон ќе го вклучи спринтерот во тимот на Манчестер Јунајтед и тоа за натпревар против Реал Мадрид.

Мајстори за трансфери

Фудбалскиот клуб Порто навистина знае како да работи на трансфер пазарот. Во последните 10 години тие заработиле 472 милиони евра само од продавање на фудбалери.

Навивачи избркаа фудбалер од клубот

Кевин Пецони доби дозвола од Келн да го напушти клубот откако пред неколку месеци навивачите му го скршија носот, а минатата недела добил нови закани дека ќе биде претепан.

Роналдо е тажен или само сака повеќе пари?

Изјавата на Кристијано Роналдо дека тој не е среќен во Реал Мадрид веќе втор ден е топ вест на сите медиуми. Но која е причината за тагата на најголемата „примадона" во спортот?

Борусија Дортмунд остварува рекордни приходи

Додека фудбалските клубови од Шпанија, Италија и Англија се дават во долгови, германскиот шампион Борусија Дортмунд објави дека минатата сезона оствариле приход од рекордни 215 милиони евра.

Полска нема раат од хулигани

Не, полската полиција не се подготвува за војна. Ова е само еден обичен фудбалски натпревар од четврта лига. Можете да замислите како е во прва лига.

Англискиот фудбал повеќе не е англиски

Минатиот месец рускиот милијардер Антон Зигаревич го комплетираше откупувањето на 51% од акциите во Ридинг по што странци станаа мнозински сопственици во 11 од вкупно 20 клубови во англиската Премиер лига.

Фудбалер постигна гол и почина на терен

Шведскиот фудбалер Виктор Брансторм постигна гол на натпревар од четвртата лига, а набргу потоа колабирал и починал на пат кон болница.

Голмански гол од 75 метри

Голманот Доминик Нидерхозер од швајцарскиот нисколигаш Дарданија од Лозана успеа да го лобува својот колега од спротивниот табор од полу-волеј удар од 75 метри.

Барса подобра од Валенсија, конечно победи и Реал

Барселона ја забележа и третата победа во серија откако минимално ја совлада Валенсија и ја одржа предноста од пет поени пред Реал Мадрид чии фудбалери ја прославија првата победа по три одиграни кола.

Рома и Јувентус убедливи на гости

Во дербито на второто коло на италијанската Серија А, Рома славеше на гостувањето кај Интер, а победа на гостински терен забележа и Јувентус кој триумфираше со високи 1:4 во Удине.

Најлош старт на Ливерпул, Ван Перси го спаси Јунајтед

Со првенците на Подолски и Казорла, екипата на Арсенал ја прослави првата победа оваа сезона, а Ливерпул го забележа најлошиот старт во последните 50 години. Робин ван Перси постигна хет-трик и повторно беше херој на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Саутемптон.

Хет-трик на Пацини за прва победа на Милан

Милан ја забележа првата победа во второто коло од новата сезона благодарение на трите погодоци на новото засилување Џампаоло Пацини на гостувањето кај Болоња.

Фалкао го понижи европскиот шампион

Челси доби лекција по фудбал од освојувачот на Лига Европа, а Радамел Фалкао постигна хет-трик за едно полувреме и беше најзаслужен за победата од 4:1 со што Атлетико Мадрид го освои европскиот Суперкуп.

Киксот на Реина

Голманите секогаш имаат најтешка задача. 90 минути ќе бранат одлично, но ќе направат една грешка и по тоа ќе ги памтат. Пепе Реина е квалитетен голман, но често знае да направи и по некој кикс, а еден таков имаше и синоќа.