Свонси ја раздвижи економијата во Велс. Тоа е првиот велшки фудбалски клуб кој успеа да влезе во елитното премиерлигашко друштво, а тоа се случи минатата сезона. Според првите податоци учеството во првата година на „Галебите" во англискиот шампионат ја подигнал економијата во Велс во износ од 58 милиони фунти.
Истражувањата на „Кардиф Универзитетот" покажуваат отворање на 400 работни места, од кои само 340 биле овозможени во градот Свонси. Студијата е направена за да се погледне какво е економското влијание на Премиер лигата врз статусот на градот и земјата.
Работни места биле отворени во хотелите, рестораните, пабовите, а растот на економијата го регистирале и советот на градот, како и трговската комора. Иако поголемиот дел од економската вредност е директно создадена од страна на фудбалскиот клуб, сепак повеќето од работните места се создадени од активности кои не се поврзани со фудбалот.
Од големото влјание на Свонси врз економијата во Велс се зачудени и експертите.
"Клубот вработи 125 луѓе, а ние направивме проценка дека посетителите во градот трошат доволно за да се даде поддршка на 295 луѓе со полно работно време. Вкупното влијание на Свонси врз целиот регионот придонесува за 420 работни места, повеќето од нив во градот" – изјави професорот Макс Мундеи од училиштето за бизнис и економија во Кардиф.
Свонси моментално се наоѓа на деветта позиција во Премиер лигата, а често пати знае да ги изненади англиските гиганти. Успеа да ги победи Манчестер Јунајтед и Арсенал, а пред само два дека на гостински терен го шокираше европскиот Шампион Челси со 2:0, на првиот полуфинален дуел од Лига Купот.
Со тоа привлекува уште поголемо внимание кај навивачите на англиските гиганти кои патуваат на гостување во Свонси, но истовремено и го посетуваат градот, трошат пари во кафулињата, рестораните и хотелите, а сето тоа придонесува и за поголема раздвиженост околу стадионот „Лаиберти".
Економските експерти сметаа дека излезот на Свонси на меѓународна сцена би донел уште поголем раст на економијата во земјата.
„Промоцијата на Свонси и успесите во Премиер лигата придонесоа и големо промовирање на клубот преку медиумската индустрија, а со тоа велшката влада има можност за развој на економијата и преку туризмот, не само за Свонси, туку и за целата земја„ – рече министеркаа за економија Едвина Харт.
Учеството на новиот хит во англискиот фудбалски крем ги надмина очекувањата. Проценките според директорот на трговската комора Гранам Морган биле раст врз екомонијата од 22 милиони фунти. Но бројката од 58 милиони ги изненади сите, па дури направија и една интересна спореба дека таа сума била поголема од заработката на Челси при освојување на Лигата на Шампионите.