По очајниот старт на сезоната под водство на Норвежанецот Солбакен, раководството на Вулверхемптон реши да го ангажира Дин Сандерс. Новиот тренер ќе има тешка задача со екипата на Вулверхемптон која во моментов се наоѓа на 18-та позиција во англискиот Чемпионшип, а за почеток тој реши да воведе строга дисциплина.
„Фудбалот е како војска. Мора да ги почитуваш наредбите. Ако одиш во војна и двајца војници си прават што сакаат, тогаш и другите ќе загинат."
„Очигледно не сме во армија, но мора да се почитуваат правила, а тоа значи дека фудбалерите не смеата да доцнат на тренинг, не смеат да ја расфрлаат опремата на под, треба да живеат здраво, не смеат да јадат во Мекдоналдс...", изјави Сандерс.
Дисциплината на Сандерс даде половичен успех на премиерниот натпревар на Вулверхемптон под негово водство и тие ремизираа на домашен терен со Блекбурн.