Во изминатиот период сите светски медиуми пишуваа и ги броеа статистиките поврзани со најдобриот фудбалер на светот кои уриваше секакви рекорди поврзани со постигнување голови. Се поставува прашањето: Кога последен пат Лионел Меси не успеал да постигне погодок?
Одговорот треба да го бараме на средбата Барселона-Селта која се одигра пред 70 дена, а Каталонците славеа со 3:1 со головите на Адриано Кореира, Давид Виља и Жорди Алба. Со синоќешниот погодок против Малага, Меси успеа да постигне гол на сите последни девет натпревари во првенството почнувајќи од 11 ноември, а бројката изнесува вкупно 15.
Сега на повидок е нов рекорд за Меси со што би го срушил достигнувањето на Роналдо кој во "златната" сезона 1996/1997 успеа да стрела на 10 меча во низа.