ПСВ заврши во затвор

Азиската турнеја на фудбалерите на ПСВ е навистина за поздрав. Ретко сме сведоци на вакви слики каде фудбалскиот ѕвезди ги посетуваат затворениците, а потоа и ги анимираат играјќи пријателски фудбалски натпревар со нив.

Инаку избраниците на Дик Адвокат заминаа во Тајланд и одиграа пријателски меч против националниот првак Маунтхонг кој го победија со 2:0. Два дена по натпреварот тие заминаа во посета на затворот „Клонг Прем" во Бангок.

11 јануари 2013 - 16:08