1. Glenn Hoddle and Chris Waddle - Diamond Lights
Креативниот тандем од средниот ред на Тотехнем во 1987 се обида во поп музиката и стигнаа до 12 место на британските топ листи.
2. Paul Gascoigne - Fog on the Tyne
Песната која до достигна второто место на музичките топ листи беше составен дел од Гаскоњманијата по поразот на Англија во борбата за третото место на Мундијалот во Италија 1990.
3. Kevin Keegan - Head Over Heels in Love
Во соработка со групата „Смоук“, тогашниот играч на Хамбургер, а сегашен тренер на Њукасл запеа во 1979 година и стигна до 31 позиција. Во Германија оствари одличен успех и влезе во топ 10.
4. Vinnie Jones - Wooly Bully
Некогашниот фудбалер на Вимблдон запеа во 1993 година, но многу поголем успех оствари во глумата.
5. Liverpool FC - Anfield Rap
Хип Хоп пародијата не им помогна на фудбалерите на Ливерпул да го освојат ФА Купот во 1988 година. Трофејот го освои тимот на Вимблдон.
6. Andy Cole - Outstanding
Уште една промашен раперски хит, овој од поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, отпеан во 1999.
7. Coventry City - Go For It
Синглот е од 1987 година и стигна до 61 место на британските листи. Истата година Ковентри го освои ФА Купот.
8. Manchester United - Move Move Move
Ја сметаа за една од најгрдите химни, а потекнува од 1996 година. Дел од “пејачите“ се Бекам, Сколс и браќата Невил.
9. Arsenal - Hot Stuff
Со оваа песна “Топџиите“ се сеќаваат на 1998 година кога Арсенал ја освои двојната круна.
10. Middlesbrough - Let's Dance
Тимот предводен од Жунињо и Раванели се подготвуваше за финалето во ФА Купот во 1997 година, но пехарот го крена Челси.