Македонската фудбалска репрезентација иако одигра солиден меч на стадионот „Крал Бодуен" во Брисел, загуби со 1:0 на реванш дуелот против Белгија и со тоа го забележа четвртиот пораз во квалификациската група А за Светското првенство во 2014 година.
Велат кучето е најдобриот ваш пријател, но сте се запрашале ли зошто е тоа така? Најоргиналниот и најинтересниот начин за да го докаже тоа е овој пример во Англија кој важи само за големите фанатици на фудбалот.
Снегот не ги завеа само нашите репрезентативци во Белгија, каде вчера тренираа на зимски услови. Под снежна покривка е и стадионот „Караџорџе" во Нови Сад каде вечерва се игра квалификацискиот напревар помеѓу Србија и Шкотска во нашата А група.
Македонската фудбалска репрезентација предводена од Чедомир Јаневски вечерва на стадионот „Крал Бодуен" во Брисел се очекува да настапи без никаков притисок на реванш дуелот против силната Белгија.
Пред 10 години една фудбалска ѕвезда во подем им ја исполни желбата и се сликаше со две мали дечиња од младинската школа. Денес им се исполни уште една голема желба. Тие стигнаа да играат заедно со нивниот идол во репрезентацијата.
Спортски колектив не е ист со и без маскота, но постои една маскота која се разликува од сите други. Тоа е Хенес, јарецот кој е симбол на германскиот фудбалски клуб Келн и суперѕвезда на својот стадион.
Има само 17 години, а веќе е дел од селекцијата на Полска до 21 година. На досегашните настапи за младинските репрезентации има фантастичен скор од 27 гола на 31 натпревар. Според карактеристиките, сличен е на голгетерот на Борусија Дортмунд и веќе е на мета на неколку европски клубови.
Во конкуренција на англиските лиги без Премиер лигата (Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2) наградата за најубав гол на годината ја доби фудбалерот на Нотингем Форест, Сајмон Кокс со ова елегантно лобување на голманот на Бирминген.
Репрезентативецот на Јемен, Ајман Ал Хагри на натпреварот против Малезија во рамките на квалификациите за азискиот куп постигна преубав гол, но сепак не го спречи поразот на неговата репрезентација.
За кариерата на Зеф Томас може веднаш да се сними филм. Младиот фудбалер роден во Англија пред пет месеци дебитираше за репрезентацијата на Сент Китс и Невис на кои сам им се понудил преку Фејсбук, а денес работи во кол-центар на кладилница.
Боти Демел од Брегот на Слоновата Коска кој во моментов го носи дресот на грузискиот клуб Зестафони, на пријателски натпревар против Мерани Мартвили го изведе најголемото промашување овој месец, а можеби и годинава. Намерно да шутираше од тука немаше да го промаши голот.
Репрезентацијата на Аргентина во вторник гостува во Боливија каде на стадионот Хернандо Силес на надморска височина од 3.637 метри ќе одиграат квалификациски натпревар. Минатиот пат кога гостуваа тука тие загубија со 6:1, па затоа овој пат имаат специјални подготовки.
Најтрофејниот шкотски тим, Глазгов Ренџерс има удобно водство во 4-та лига и нивната промоција во повисок ранг не е доведена во прашање, но сепак нивните навивачи не им дозволуваат на фудбалерите премногу да се опуштат.
Во оваа тешка неделна вечер место да броите кој колку гласови добил во борбата за градоначалнички места, броите ги мајсторските потези на овој Велшанец кој е граден да биде сумо борач, а ги знае финтите на Роналдињо.
Викендов на фудбалските терени преовладуваа интернационалните натпревари на кои беа постигнати неколку убави погодоци, а еден од најдобрите голови беше дело на репрезентативецот на Јужна Африка, Табо Матлаба.
По вчерашните резултати во нашата група, Хрватска и Белгија се веќе со една нога на Мундијалот во Бразил. Хрватите ја потврдија фаворитската улога против Србија, а Велс ја изненади Шкотска и изби на третата позиција на табелата.
И оваа недела уредниците на TVGOLO имале тешка задача за да ги изберат најдобрите 10 погодоци од изминатите 7 денови. Погледнете и уживајте во мајсториите.
Иако беше рамоправна, борбена, а на моменти и подобра, македонската фудбалска репрезентација го загуби петтиот квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство во Бразил. Со головите на Де Бруин и Азар од пенал, Белгија славеше со 2:0.
Светската куќа на фудбалот возврати на обвинувањата. Горан Пандев тврди дека тој гласал за Мурињо, а ФИФА денес го објави официјалниот документ доставен од ФФМ од кој се гледа дека Пандев гласал за Дел Боске. Но дали тоа е потписот на Горан Пандев?
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра можеби најтешкиот натпревар во квалификациската група за Мундијалот во Бразил. Со победа може многу да добиеме, а со пораз предвреме ќе се збогуваме и од овие квалификации.
Фудбалските велесили, Бразил и Италија си ги одмерија силите на пријателски натпревар во Женева. Дуелот на светски шампиони од 2002-та и 2006-та година помина со многу возбудувања, а израмнувачкиот погодок за 2:2 беше дело на Марио Балотели.
Само една погрешно преведена реченица на хрватскиот портал „Индекс" од интервјуто на селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, предизвика голема бура на реакции во пресрет на утрешниот дуел помеѓу големите ривали Хрватска и Србија во нашата квалификациска група за Светското првенство 2014 година.
Норвешкиот фудбалер Џон Карју има 33 години и не е престар за да не може повеќе да игра фудбал. На фудбалските терени не се појавил од минатото лето, затоа што почна да снима филмови. Во јануарскиот преоден рок се обиде да направи трансфер во Интер, но не ги мина лекарските прегледи. Еве како е да се биде пензионер на млади години.
Откако синоќа од Шпанија се рашири веста за скандалот со погрешно впишаните гласови на Горан Пандев при изворот за најдобар тренер на годината, се огласи и ФИФА. Тие тврдат дека го имаат документот од ФФМ од кој се гледа дека Пандев не гласал за Мурињо.