Некои клубови рушат рекорди со вртоглави трансфер суми, а некои рушат рекорди со помош на поранешни премиери. Таков е примерот со бугарскиот клуб Витоша од Бистрица и Бојко Борисов. Второлигашот го пријави 54-годишниот Борисов за претстојната сезона со што тој ќе стане најстариот професионален играч во историјата на бугарскиот фудбал.
Бојко Борисов веќе неколку години е член на фудбалскиот клуб Витоша од Бистрица. Додека беше премиер тој одигра неколку натпревари додека овој клуб се натпреваруваше во третата лига.
Во 2011. година изборот за фудбалер на годината доби комичен тек откако 44% од гласовите на навивачите ги освои токму Бојко Борисов, по што тој самиот го поништи гласањето.