Вејн Торн тукушто ја започнал втората сезона на кормилото на фудбалскиот клуб Ларкал Атлетик кој се натпреварува во англиската деветта по ранг лига, кога во тешка сообраќајна несреќа се здобил со повреда на артеријата на срцето и 16 скршени ребра.
Заради сериозните повреди тој бил во вештачки предизвикана кома, а неговото семејство вели дека љубовта кон фудбалот го одржала во живот.
Фудбалерите на тимот кој тој го предводел биле дополнително мотивирани да триумфираат и да му ја посветат победата на својот тренер. Веднаш по завршувањето на првиот натпревар од новата сезона, сопругата на Торн го посетила во болница и му го соопштила резултатот по што тој ги отворил очите.