Познати се само пет од вкупно 32 учесници кои ќе се натпреваруваат на најзначајниот фудбалски собир, но денес започнува продажбата на влезниците за 64 натпревари кои ќе се одиграат на Светското првенство во Бразил 2014.
Организаторите очекуваат голем интерес, сличен на оној од Светското првенство во Германија во 2006. година кога за една влезница имаше по седум апликации.
Цената на влезниците се движи од 67 евра, а најскапиот билет за финалето на Мундијалот ќе чини 742 евра.
Продажбата на влезниците ќе се одвива во неколку фази. Од денес па до 10 октомври ќе трае процесот за аплицирање, а за натпреварите со поголем интерес ќе се бираат добитници по случаен избор. Дел од останатите влезници ќе бидат пуштени во слободна продажба на 5 ноември, а последната тура на влезници ќе се продава од 8 декември кога ќе бидат одредени групите.
Светкосто првенство во Бразил ќе започне на 12 јуни и ќе трае до 13 јули 2014. година.