Првото коло од англиската Премиер лига го сруши рекордот за бројот на фудбалери Англичани. Дуро две третини од фудбалерите кои биле во екипите на стартот од новата сезона се странци.
Во август 1992. година при формирањето на новата Премиер лига, 177 играчи, односно 73,1% биле Англичани. Оваа година таа бројка паднала на само 74, односно 33,6%. Претходниот „рекорд" беше поставен минатата сезона со 81 домашен фудбалер.
Англичаните го држат рекордот и во конкуренција на останатите водечки лиги во Европа. Во Шпанија играат 62,3% домашнит фудбалери, Франција 55,9%, Италија 50%, а 43,9% од игралите во Бундеслигата се Германци.
Најмногу Англичани во составот во првото коло имала екипата на Норич, а за Њукасл настапил само еден домашен фудбалер.