- Алекс Окслејд-Чембрлен има клаузула во неговиот договор според која Арсенал треба да му плаќа на Саутемптон по 10.000 фунти за секој настап подолг од 20 минути.
- Нил Рудок имал договор со Вест Хем според кој му следи казна од 10% одбивање од плата ако ја надмине тежината од 99,8 килограми.
- Поранешниот сопственик на Вимблдон, Сем Хаман во договорот со тренерот Боби Гулд вметнал клаузула со која имал право да му нареди на тренерот да го смени составот на 45 минути пред почеток на натпреварот.
- Норвежанецот Стиг Инге Бјорнеби по потпишувањето за Ливерпул не смеел да се доближува на 200 метри од ски патека.
- Конгоанецот Ролф Кристел прифатил да потпише за Ајнтрахт Франкфурт во 1999. откако во договорот неговиот нов клуб се обврзал да ги плаќа часовите за готвење на неговата сопруга.
- Швеѓанецот Стефан Шварц често изјавувал дека сака да оди во вселената, па кога потпишувал договор со Сандерленд, претпазливите Англичани вметнале точка со која му забрануваат да лета во космосот.
- Германскиот голман Георг Кох го напуштил ПСВ Ајндховен по само три месеци заради навреди од домашните навивачи, а во неговиот договор стоела клаузула дека тој може да го раскине истиот по првата навреда.