Списанието Форбс ја објави листата со највредните 20 фудбалски екипи на планетата, а на врвот се наоѓа клубот кој го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот со Герет Бејл кој од Тотенхем во Мадрид премина за сума од 100 милиони евра.
Горан Пандев беше стрелец на еден погодок и асистираше при постигнувањето на уште еден гол за Наполи на гостувањето во Рим кај неговиот поранешен клуб и тоа на својот јубилеен 300-ти настап во Серија А.
На само пет дена до извлекувањето на групите за Светското фудбалско првенство, ФИФА ќе биде принудена да ги помести тајминзите на одигрување на мечевите, затоа што според некои истражувања играчите може да колабираат на пеколот коj ги очекува.
Пред неколку дена пишувавме за генијалната идеја на италијанскиот шампион кој побара од Италијанската фудбалска федерација гостинските трибини кои поради казна беа затворени ова коло, да им ги отвори само за деца. Идејата веднаш им беше прифатена, а Јувентус привлече не 6.000 како што најпрвин беше најавено, туку двојно повеќе млади навивачи кои се радуваа на победата против Удинезе во судиското продолжување.
На вчерашното гостување против Тотенхем бекот на Манчестер Јунајтед при еден дуел со противнички играч се најде во друштво на публиката, а една навивачка на домаќините ја искористи блиската средба со него.
Легендарниот Пол Сколс кој минатиот месец наполни 39 години не продолжи по стапките на Гигс кој не се откажува од Манчестер Јунајтед и на 40, но на меч во друштво на ветерани им покажа кој е кој.
Нашиот најдобар фудбалер вечерва против својот поранешен клуб Лацио се очекува да стигне до бројката од 300 одиграни натпревари во елитното италијанско првенство.
Актуелниот француски шампион ПСЖ и оваа година се наметнува како главен конкурент за титулата во домашното првенство, а моќта синоќа ја покажа против седум кратниот првак Лион. Парижаните броеа до четири и тоа без ниту еден француски фудбалер во стартниот состав.
Нејмар, Давид Луиз, Тиаго Силва, Паулињо, Роналдо (оригиналниот) и селекторот Сколари се дел од имињата кои се појавуваат во новата фантастична реклама на Најк.
Моќниот потпретседател ги носеше најславните и најдобрите фудбалери во Милан, а со нив постигна врвни успеси. Но госпоѓицата Берлускони инсистираше на големи промени во раководната структура на тимот, а жртвата е 69 годишниот славен ќелавко.
Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт синоќа поставија нов рекорд на посетеност на гостински натпревар во Лигата на Европа. Тие отпатуваа во неверојатна бројка од вкупно 15.000 како да се работи за финале од Лигата на шампионите.
Според „Repucom", светски лидер за истражување на спортскиот маркетинг, Кристијано Роналдо ја има стекнато славата на светска ѕвезда повеќе од своите противкандидати за освојување на признанието на ФИФА.
Техничките спонзори на фудбалските репрезентации не внимаваат многу на нивната традиција, па така на следното Светско ќе видиме многу промени во боите на нивниот долен дел од опремата. Шпанија ги напушти победничките сини шорцеви, а Германија, Аргентина и Колумбија ќе носат исти.
Аматерски фудбалер од Англија го постигна еден од најефективните автоголови кои сме ги виделе, по што тој и самиот сфати дека не го бива за фудбал и си се замени.
Газета дело Спорт ги собра најинтересните изјави на сегашни и поранешни играчи, тренери, како и на претседатели и директори на клубови дадени последнава недела за медиумите. Некои слободно го заслужуваат епитетот „гафови", а најзастапен е ќелавкото од Милан.
Во минатото немале камери и репетиции од секој агол, компјутерски анимации, графици, статистики... но имало страшни новинари. Класичен пример за првокласно спортско новинарство е оваа снимка од турското дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче во 1992-та година.
Рајан Гигс влегува во петтата деценија од животот, но не само што не најавува пензија, туку игра како во најдобрите денови и оваа недела истрча 11 километри против Баер Леверкузен кога го предводеше неговиот тим до пласман во следната фаза на Лигата на шампиони.
Јоан Гуркуф од Лион на натпреварот против Бетис го постигна најдобриот непризнат гол во историјата на Лига Европа. Гуркуф ја затресе противничката мрежа со удар од пола терен, но за жал судијата само свирнал фаул пред тој да го упати шутот.
По комплетирањето на натпреварите од петтото коло на Лига Европа, екипите на ПАОК, Рубин, Анжи, Лацио, АЗ, Трабзон, Лион и Генк изборија пласман помеѓу најдобрите 32 во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Карло Амбра, експерт од истражувачкиот полициски сектор „Ucigos" кој го анализира навивањето како феномен во Италија, направи биланс во однос на нивната политичката определба, а како најголема дискриминирачка појава го издвојува расизамот.