Оваа елитно друштво од осум екипи кои денеска ја дочекаа ждрепката не се јаки само на терен. Тие заедно тежат неверојатни 2,85 милијарди евра или една третина од вредноста на сите екипи од Европа.
Во осминафиналето оваа сезона се пласираа лидерите на четири од вкупно петте најсилни европски лиги, како и шест од првопласираните седум екипи со најмногу остварени приходи за минатата сезона.
На челната позиција е Реал Мадрид со годишни приходи од 518 милиони евра, втора е Барселона со 482 милиони евра, Баерн Минхен со 431, Манчестер Јунајтед со 424, ПСЖ со 399, Челси со 303 и Борусија Дортмунд со 256 милиони евра. Тимот кој не спаѓа во оваа група со толку богата каса е Атлетико Мадрид со 120 милиони евра.