Никогаш до сега во четврт-финалната фаза од Лигата на шампиони не учествувале толку силни екипи. Шест четврт-финалисти се поранешни европски шампиони и сите заедно тежат 22 континентални титули, а за формата на осумте најдобри говори и фактот што сите беа на првите позиции во групната фаза.
На денешното извлекување во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени следните парови:
Барселона - Атлетико Мадрид
Реал Мадрид - Борусија Дортмунд
ПСЖ - Челси
Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен
Првите натпревари ќе се одиграат на 1. и 2. април, а реваншите се закажани за 8. и 9. април. Финалето од Лигата на шампиони ќе се одигра во Лисабон на 24 мај.