Навивачите на Борусија Дортмунд се препознатливи по нивната традиционална жолто црна боја со која го красат стадионот „Вестфален“ и без разлика на противникот тие секогаш ја исполнуваат трибината за најстраствени фанови која собира огромна бројка од 24.500 места.
Таа е секогаш е исполнета благодарение и на политиката во германскиот фудбал која нуди многу поевтини билети во однос на другите силни европски лиги и со тоа успева константно да ги полни стадионите без разлика дали гостува атрактивен противник.
На втората позиција на оваа листа се наоѓаат навивачите на Ливерпул, кои се славни по нивната "You'll never walk alone" која грми на секој меч на стадионот „Енфилд Роуд“.
Како трета е избрана навивачката група на Џенова, тим кој важи за најстар во Италија и кој е оформен од Англичани.