Голот на Пандев недоволен за Наполи

Горан Пандев го доведе Наполи во водство, но веднаш откако ја напушти играта во 68-та минута, бродот на „Неаполитанците“ почна да тоне. Во четврт-финалето на Лига Европа покрај Порто се пласираа и Јувентус, Бенфика, АЗ Алкмар, Лион, Валенсија, Базел и Севиља.

Наполи - Порто 2:2 - прв натпревар (0:1)
Пандев 21, Запата 90 - Гиља 69, Кварезма 76

Бетис - Севиља 0:2 (3:6 по пенали) - (2:0)
Рејес 20, Бака 75

Салцбург - Базел 1:2 - (0:0)
Сориано 22 - Стрелер 50, Сауро 60

Анжи – АЗ Алкмар 0:0 - (0:1)

Валенсија – Лудогорец 1:0 - (3:0)
Алкасер 59

Фиорентина – Јувентус 0:1 - (1:1)
Пирло 71

Викторија Плзењ – Лион 2:1 - (1:4)
Колар 60, Тецл 62 - Гомис 45+3

Бенфика – Тотенхем 2:2 - (3:1)
Гарај 34, Лима 90п - Чадли 78, 79

20 март 2014 - 22:30