Челси – Арсенал (сабота 13:45)
Лондонското дерби на Стемфорд Бриџ ќе биде само увертира за она што следува во фудбалскиот спортски викенд. Тимот на Жозе Мурињо е пред голем испит кој како лидер на табелата доколку успее да слави, ќе се оддалечи солидни седум бода пред второпласираниот Арсенал кој има ист број на бодови со Ливерпул.
Реал Мадрид – Барселона (недела 21:00)
Слична е ситуацијата и со „Ел Класико“ каде Кралевите со триумф пред своја публика ќе имаат +7 во однос на големиот ривал, но во игра за титулата е и Атлетико кој моментално заостанува 3 бода зад градскиот ривал. Ова ќе биде 259 шпанска пресмета на сите полиња. Барселона е поуспешна со 106 победи, Реал има 94, а 5 меча завршиле нерешено.
Ранетиот Милан со многу проблеми ќе патува овој викенд во Рим. Изминатава недела обвинувањата за лошите резултати на „Росоњерите“ беа директно насочени кој Кларенс Сидорф на кој дел од играчите му напишаа листа со погрешни работи кои не треба да ги практикува. За фудбалерите на Лацио ова ќе биде одлична можност за да се искачат на шестата позиција на табелата која може да им донесе излез во Европа.
Најинтересната средба овој викенд во Франција ќе биде битката помеѓу второпласираниот Монако и третопласираниот Лил кои се борат за овие две места во Лигата на шампионите. Во случај на кикс на домашен терен, Монако драстично ќе си ги намали шансите за да го стигне лидерот и фаворит број 1 за титулата, тимот на ПСЖ.
Хајдук – Динамо Загреб (сабота 15:00)
Едно од најголемите ривалства на балканските простори е големото хрватско дерби кое датира од 1920 година. Традицијата е на страна на Динамо кој има 76 победи, Хајдук триумфирал 65 пати, а 20 меча завршиле бе победник. Оваа статистика се однесува на нивните соочувања на сите натпреварувања.
Вардар – Шкендија (недела 16:00)
Трета шанса за актуелниот македонскиот шампион за триумф на еден дерби натпревар на „Филип Втори“ по зимската пауза. По ремито со Пелистер, Вардарци загубија од градскиот ривал Работнички, а тетовскиот тим го пречекуваат со биланс од 13 победи, 6 нерешени средби и 8 порази во изминативе 10 години.
Сите овие супер интересни битки ви ги нудиме да ги типувате во нашата Супер сингл понуда на Типстер.