900 евра за карта за Ел Класико

Ако сега ви текне дека сакате во недела да го гледате дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, на тапкарошите ќе треба да им платите од 300 до 900 евра.

Во недела во 21 часот, Реал ќе и биде домаќин на Барселона во 259-то Ел Класико, а скоро сите влезници за овој натпревар се веќе продадени.

Картите се продаваа по цена од 70 до 340 евра, но веќе кога ги нема во продажба, оние кои сакаат да го проследат натпреварот во живо на Сантјаго Бернабеу на тапкарошите ќе треба да им платат од 300 до 900 евра.

Во слободна продажба беа пуштени само 18.000 влезници, а останатиот дел 83.000 колку што е капацитетот на Сантјаго Бернабеу ги имаат сопствениците на сезонските карти.

20 март 2014 - 11:57